експерти

Случувањата во Србија да бидат повик за будење на нашето општество

05.05.2023 13:14

Потребна е широка општествена акција и подигнување на јавната свест за да се превенираат случувања како во Србија, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во интервју за утринската програма на МТВ. Според него, ваквата трагедијата треба да поттикне да се бараат решенија. И експертите по безбедност со повик – случувањата во Србија да бидат повик за будење на нашето општество, да се воспостави поинаков систем на вредности кај младите...

Масовните убиства во Србија да бидат повик за будење и во земјава. И министерот за внатрешни работи и професори од Факултетот за безбедност укажуваат дека е потребен поголем ангажман од сите структури во општеството, и од институциите, училишниот систем, родителите, медиумите. Мора да се воспостави поинаков систем на вредности кај младите и да не се идеализираат и воспеваат луѓе со сомнителна позадина.

Во земјава има ригорозна регулатива за поседување оружје, но опасноста е од илегалното кое поединци го кријат, и од автоматското оружје.

Во земјава постои точна евиденција на легалното оружје, но за црниот пазар има само претпоставки.

 

Игор Панов