Македонија

ДКСК: Груби користел службени простории за партијата

05.05.2023 13:27

Вицепремиерот Груби ги користел просториите на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците за партиски цели, велат од антикорупциска. За ова ќе и укажат и на министерката Грковска. Тврдењето го поткрепија со доказ, кој стасал на нивна адреса. Од него се гледало дека лидерот на ДУИ Ахмети имал средба во службените простории со претставници од странство. Вакво однесување не е во согласно со кодексот на етичко однесување на владин функционер, вели Ивановска...

Антикорупционерите бараат вицепремиерката за добро владеење Грковска да го преиспита етичкото однесување на вицепремиерот Груби. Тврдат дека го прекршил кодексот, затоа што ги злоупотребувал просториите во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците за партиски цели. Антикорупционерите ова го поткрепуваат со докази, на кои, како што рече претседателката Ивановска, се гледа дека лидерот на ДУИ Ахмети во овие простории остварувал средби со странски претставници.

Вицепремиерот Груби коментира – ги боли тоа што не ги добија просториите во објектот. Тој не гледа одговорност за остварените средби во неговиот кабинет.

Доколку некој во ова гледа проблем, нема да се повтори, изјави Груби.

 

 

Наташа Гркова Петрушевска