Истражување

Демографски процеси со економски последици

07.05.2023 10:05

Сè додека младите не почувствуваат политичка, социјална и економска сигурност ќе имаме одлив на помладата популација што ќе продуцира во догледно време некои дејности да згаснуваат или трпат економски последици велат социолозите. Иако според последните статистички податоци околу девет посто од населението е надвор од државата сметаат дека секојдневните иселувања неофицијално говорат дека процентот е над 22 проценти...

Без стабилизирање на демографската политика во догледно време многу дејности ќе згаснат

Без стабилизирање на од поодамна започнатите негативни демографски процеси многу бизниси и дејности кој се поврзани со младата популација во догледно време ќе згаснуваат или работаат со намален обем а економските последици ќе бидат големи велат социолозите. Анализите велат ги темелат на тоа што речиси секојдневно некој се иселува на возраст од 18 до 25 години многу почесто на возрасната категорија од 25 – 45 години. Со таков одлив велат неминовно е нарушување на системот кој е целина од повеќе потсистеми.

„Од највиталните институции ќе тргнеме и ќе почувствуваме, бидејќи ги чувствуваме тие негативности, а во наредните пет до десет години овие проблеми само ќе се зголемуваат и не верувам со обѕир на 30-годишниот систем на негативно менаџирање дека со ова темпо како одиме ќе се најде за скоро излез“, вели битолскиот социолог Несторовска.

Увезувањето на работна сила од надвор е пракса на многу земји но илузорно е да се зборува за тоа кога не го гледате она што го имате она што ви е пред очите. Арсовска Несторовска вели дека дополнителни ја загрижува потенцијалната миграција.

„А знаете тоа што значи. Млади луѓе кои се во фаза на наобразба кои се во еден стадиум на секундарна и терцијарна наобразба веќе имаат визија каде ќе се најдат и што значи ние не само што не го запираме започнатиот процес туку и кај оние кој ни се во фаза на развиток“, вели социологот Арсовска – Несторовска.

За да не тежнееме кон земја на старци таа излезот го гледа во градење на една пообемна стратегија по примерот на некои земји каде политичката, економската и социјалната сигурност ќе биде високо издигната.

 

 

 

Стевче Митревски