Здравство

Меџити: На конкурсот на ГАК не пристигнала ниту една пријава за акушерки

05.05.2023 14:02

На ГАК недостигаат десетина акушерки, обемот на работа е голем, одговорноста огромна. Здравствените установи немаат доволно ниту медицински сестри. Годишно, стотина лекари ја напуштаат државата. Се преземена иницијатива да се отвори уште една паралелка за акушери, вели министерот за здравство...

Една акушерка на гинекологија во Скопје има 250 породувања годишно, двојно повеќе од онаа што го предвидува СЗО. Четиринаест акушерки, распоредени во четири или пет смени годишно, учествуваат во над 3.500 породувања. Обемот на работа е голем, одговорноста огромна, на ГАК недостигаат десетина акушерки.

На конкурсот не се пријавила ниту една акушерка, затоа се преземена иницијатива да се отвори уште една паралелка за акушери, вели министерот за здравство. Но, не само акушерки, здравствените установи немаат доволно ниту медицински сестри. Од „8-ми септември“ за една година заминале 70 медицински сестри.

Ресорното министерство прави стратегија за задржување и вработување на здравствените работници. Според податоците, годишно, стотина лекари ја напуштаат државата.

Наташа Јанчиќ – Менковски