Одбележување

Небрегово: Одбележан денот на македонскиот јазик

05.05.2023 14:20

Познавањето на мајчиниот јазик се негува уште од најмала возраст, се согласуваат од прилепскиот музеј од каде спроведуваат посебен проект. Фондацијата „Небрегово“ пред родната куќа на Блаже Конески го актуализира барањето за воведување државна награда и стипендија „Блаже Конески“ …

Фондацијата „Небрегово“ токму од родната куќа на Блаже Конески го обновува барањето – државна награда „Блаже Конески“ и стипендија за талентирани ученици и студенти. Ќе се зацврсти изучувањето на огромното дело на великанот Конески и ќе се поттикнат генерациите да го изучуваат мајчиниот јазик.

Триесетина млади пред родната куќа на Конески создаваа поетски и ликовни дела инспирирани од втемелувачот на македонскиот литературен јазик.

Негувањето на македонскиот јазик како единствена татковина е темел во опстојувањето.

 

Елизабета Митреска