Славенички но и тензично на истокот од Украина
Ден по реферндумот во Доњецк и во Славјанск атмосферата истовремено и славеничка, но и воинствена.

Напнатоста ескалира во регионот Луганск кога населенито успеале со жив штит да го запре продорот на украиснките владини сили
Организаторите на реферндумот рекоа дека одзивот бил над 90 насто и дека веднаш ќе ги формираат институциите на власта.
Најавуваат уште еден реферндум за приклучување кон Русија.
„По 23 години конечно и ние одлучивме за нашата иднина“, изјави граѓанин
Киев и Брисел не ги признваат резулатите со оценка дека референдумот е нелегитимен.
Украинскиот претседател Олександар Турчинов го осуди изјаснувањето и ја обвини Москва дека е вмешана во случајот.
„Референдумот е фарса инспириран од Русија за да се дестабилизира Украина и да се урне прозападното раководство“, изјави Олександар Турчинов претседател на Украина
И шефицата на европската дипломатија - Кетрин Ештон оцени дека рефендумот е организиран без демократски лигитимитет што е спортивно од декларацијата од Женева. Германија и Франција се заканија со нови радикални мерки.
„Ке ги подржат новите санкции, кој ке бидат поригорозни од претходните мерки“, Франсоа Оланд, претседател на Франција
Заканите со нови санкции од Западот се глупи и неоправади, изјави портпаролот на рускиот претседател.
Тој потсети дека воената украинска агресија го натерало населението од Доњецк и Луганск да излезе на гласање за незвисност од Киев.
Мирјана Василева
