Македонија

Власта и опозицијата остануваат во клинч за договорот „Бехтел и Енка“

05.05.2023 15:06

Власта го злоупотребува европското знаменце за да протне криминал – реагира ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија оцени дека потегот на владата претставува насилие и непочитување на процедурите. Побара телевизиски дуел Мицкоски – Ковачевски за расчистување на сите дилеми за проектот. Според СДСМ, законските измени ќе донесат заштеда на пари и побрза изградба...

Законските измени кои власта сака да ги протне по скратена постапка, претставуваат насилие и криминал под превезот на европското знаме, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Сакаат да донесат закони без дебата, кои се во спротивност на правните начела и уставните одредби“, вели пратеничката велика Стојкова Серафимовска.

ВМРО-ДПМНЕ води хајка против изградбата на делниците од коридорите 8 и 10д, коментираат од владејачката СДСМ. Законите кои опозицијата ги блокира, би ги чинела граѓаните 150 милиони евра и дополнително загубени две години.

Опозицијата го повика премиерот Ковачевски да излезе на ТВ дуел со Христијан Мицкоски.

Власта и опозицијата остануваат во клинч за договорот склучен со фирмата „Бехтел и Енка“. ВМРО-ДПМНЕ бара јавно да биде обелоденет, власта повикува да каже на која Комисијата да се разгледува.

Миле Ристески