Зоран Заев го мина тестот на доверба
Зоран Заев по 11 месеци на тронот во СДСМ по големиот изборен пораз се соочи со гласање за доверба, за него и за неговите соработници.

Конгресот кој траеше 12 часа, финишираше токму со тајно гласање дали Заев е кадарен да ја води опозициската партија. За него поддршка дале 413 делегати, додека за смена на Заев од претседателското партиско столче гласале 176-мина.
Заев со потпретседателите по објавувањето на резултатите задоволен што останува на чело на СДСМ, смета дека по конгресот сите социјал-демократи се помудри.
„Демократијата победи во СДСМ и нема победници и поразени. Сите зме заедно и најверојатно ни требаат уште многу луѓе кои ќе се приклучат на нашата верба, дека оваа наша Македонија може да биде нормална земја“, изјави Заев по гласаењто.
Катастрофалниот изборен резултат за социјалдемократите со 200.000 гласови разлика, немањето стратегија и јасни насоки за дејствување придонесоа да се зголемат разликите меѓу таборите во сдсм кои се про и контра актуелното раководство.
Социјалдемократите се поделија на Бранковисти и Заевисти, што беше видливо и на социјалните мрежи. Изгласаната доверба сега се толкува како победа на крилото на Заев, но тој ги уверува дека ќе ги следел насоките на Црвенковски.
Есад Рахиќ меѓу првите на вчерашниот конгрес ја побарал оставката од Заев. Меѓу другото, најавувајќи своја оставка од Централниот Одбор ако Заев остане на тронот.
Контра Заев биле и Митре Вељановски, Гордан Георгиев, Ана Павлова-Даневска кои беа дел од потесното раководство на партијата пред Заев да застане на лидерската позиција.
Голема била бројката на делегати кои ги критикувале постапките и раководењето со партијата. Според информациите, поголемиот дел од избраните пратенци на опозицијата не се согласуваат со бојкотот на работата на собранието.
Дел од медиумите обелоденуваат дека некои пратеници најавиле и независно дејствување во собраниските клупи.
Миле А. Ристески
