МВР
Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје
05.05.2023 15:47
При претресот се пронајдени и одземени еден пиштол, 60 куршуми различен калибар, ловечка пушка и други предмети.

Полициски службеници од СВР Битола - ОВР Демир Хисар во с.Вирово, демирхисарско, по наредба од Основен суд Битола, извршија претрес во домот и помошните простории кај лицето Г.П.(49) од с.Вирово.
При претресот се пронајдени и одземени еден пиштол, 60 куршуми различен калибар, ловечка пушка и други предмети.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
