Случувањата во Србија го вклучија алармот и кај нас
Педагози, психолози, социолози, професори на средба во Министерството за образование. Оценето дека и тука се потребни промени, нов пристап и стратегија. Отворена линија за пријавување врсничко насилство...

Спроведување добри европски практики и формирање платформа за борба против меѓуврсничкото насилство. Ова се целите на коишто ќе работат социолози, педагози, социјални работници и познавачи на безбедносните прашања за да се надмине булингот во училиштата. Надлежните најавија решенија, прирачници и протоколи за детектирање на проблемите за да не се случат настани како оние во Србија.
Инстант решение нема, вели министерот Јетон Шаќири, но додека да се најде, ќе функционира електронска адреса на којашто анонимно ќе се пријавуваат насилници во училиштата за брзо да се интервенира.
Од идната недела, тимот што ќе работи на овие реформи ќе се засили и со припадници од министерството за здравство, МВР и труд и социјална политика.
Анита Димитријевска Велковска
