Нова трагедија во Србија
МРТ во Младеновац: Осум загинати и 14 повредени, напаѓачот уапсен
05.05.2023 17:24
Ново масовно убиство во Србија. Се случи масакр во села кај Младеновац, на 60-ина километри од главниот град. 21-годишник со автоматско оружје уби осум луѓе...

Ново масовно убиство во Србија. Се случи масакр во села кај Младеновац, на 60-ина километри од главниот град. 21-годишник со автоматско оружје уби осум луѓе. Над десет се повредени, меѓу нив и деца. По неколкучасовна потрага, осомничениот е уапсен откако претходно киднапирал таксист и се обидел да се скрие во близина на Крагуевац. Уапсени и членови на неговото семејство. Властите соопштија дека станува збор за тероризам.
Марија Котовска известува од Младеновац
