Македонија

Не стивнуваат реакциите за случувањата во Судскиот совет

05.05.2023 18:00

Разрешената претседателка Весна Дамева, во интервју за „Дојче Веле“, порача дека мора да има одговорност за незаконско постапување и одлучување. Таа обвини за грубо кршење на правилата и процедурите...

Случувањата во Судскиот совет сè уште ја брануваат јавноста. Разрешената претседателка Весна Дамева, во интервју за „Дојче Веле“, порача дека мора да има одговорност за незаконско постапување и одлучување. Таа обвини за грубо кршење на правилата и процедурите.

Откако за нов претседател на Советот набрзина беше избран Сашко Георгиев, министерот за правда Лога за Радио Слободна Европа вели дека со голема загриженост ги следи случувањата во телото.

Здружението на судии, пак, очекува Судскиот совет да биде гарант на судската независност и самостојност. Оттаму ги повикаа судските чинители да покажат дека имаат капацитет самостојно да ги надминат сите предизвици и слабости.