152-ра владина седница

Владата донесе одлука за влез на странски вооружени сили кои ќе учествуваат во воена вежба

05.05.2023 19:26

Станува збор за персонал и материјално-технички средства на странски вооружени сили од Соединетите Американски Држави, Република Албанија, Црна Гора и Република Косово...

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за одбрана, ја разгледа и усвои и Информацијата за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата “Immediate Response – 23“ и донесе таква одлука, соопштуваат од владината прес- служба.

Станува збор за персонал и материјално-технички средства на странски вооружени сили од Соединетите Американски Држави, Република Албанија, Црна Гора и Република Косово на територијата на Република Северна Македонија кои доаѓаат во нашата држава заради учество во оваа вежба.