Матурантите пред предизвик- која професија да ја одберат?!

12.05.2014 17:54

Студентите стојат пред најголемиот предизвик.

На кој факултет да се студира, која професија да се одбере. Матурантите сеуште во дилема каде да го продолжат нивното образование. Се двоумат меѓу општествените и техничките науки.

Денеска е објавен конкурсот за упис на државните универзитети. Има слободни околу 24.000 места на 5-те државни универзитети. Скопскиот УКИМ ќе прими околу 10.000 студенти. Новина се семејните студии на Филозофскиот факултет,  каде ќе има место за 680 студенти.

Надлежните и годинава упатија апел до матурантите да се запишат на некои од техничките или природно математичките науки. На пазарот на труд има огромен дефицит од овие кадри. Најбарани се информатичарите, ИТ инженерите, програмерите.

Во изминативе години државата значително ги подобри условите за студирање на државните универзитети. Се опремија со 80 лаборатории, се доделуваат голем број на стипендии и се воведоа нови студиски програми.

Викторија Тодоровска