Јагоди и придобивки од нивно конзумирање
Најдобрата вест е тоа што јагодите се нискокалорични, па затоа може да станат дел од вашата исхраната, без разлика дали сте на диета или не.

Јагодите се вкусни, но и многу корисни за нашето здравје. Тие се употребуваат за лекување на анемија, зајакнување на крвта, а исто така го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести. Содржат големо количество витамин Ц и железо. 100 грама јагоди ја покриваат потребната дневна доза за витамин Ц.
Поради фактот што јагодите содржат фолна киселина, тие го помагаат забременувањето и ја намалуваат депресијата. Докажано е дека јадењето на јагоди директно влијае и во заштитата од рак. Ова слатко овошје содржи и антиоксиданси, кои помагаат против стареење.
Најдобрата вест е тоа што јагодите се нискокалорични, па затоа може да станат дел од вашата исхраната, без разлика дали сте на диета или не.
Најглавната причина за смртност, во глобални рамки се срцевите заболувања. Aнтоцијанините од јагодите силно се поврзуваат со намалувањето на ризикот од срцеви заболувања.
Дисбалансот во нивоата на шеќер во крвта и исхраната богата со прости шеќери, се поврзува со зголемен ризик од гојазност, дијабетес тип 2 и срцеви заболувања. Jагодите делуваат на успорување на дигестијата и намалување на пиковите и на глукозата, но и на инсулинот по оброците, во споредба со јаглехидратни оброци кои не содржеле јагоди.
Витаминот Ц на кожата ѝ дава еластичност и жив изглед, одложувајќи го создавањето на брчките, но и штитејќи ја кожата од ултравиолетови зраци.
Јагодите ја зајакнуваат меморијата. Аскорбинска киселина, или витамин Ц – игра улога во обликувањето на обвивката што ги покрива нервните клетки во мозокот. Комуникацијата помеѓу овие клетки е од големо значење за зајакнување на менталните функции, од коишто најважни се меморијата или одлучувањето.
Пушачите имаат пониски нивоа витамин Ц во крвта, а кога во телото се зголемуваат реактивните видови кислород, оштетувањето на ткивото е неизбежно. Затоа, на пушачите им се потребни антиоксиданси кои го неутрализираат реактивниот кислород, во што може да помогнат јагодите и сѐ што содржи витамин Ц.
Катерина Стојановска Десковска