Донаторството му помага на ограничениот општински буџет
Прилеп е една од 10-те општини во земјава кои преку донаторство ќе реализира три проекти. Со ограничениот општински буџет граѓаните би биле оневозможени да го подобрат секојдневието. Граѓаните пак, приоритет даваат на она што ќе им го подобри развојот на децата...

Изградба на инклузивно детско игралиште во Паркот на револуцијата, доуредување на дворовите во детските градинки „Наша иднина“ и набавка на лифтови за лица со ограничено движење во две средни училишта, се трите проекти кои ги избраа прилепчани преку форумот на заедниците. Граѓаните го истакнаа приоритетот – развојот на најмладите.
Ваквите проекти, поддржани со донаторство, во случајов од Швајцарската влада, од УНДП и Министерството за локална самоуправа, се огромна помош за ограничените општински буџети, меѓу кои и прилепскиот.
Проектите треба да бидат готови наесен. Во форумите на заедниците учествуваат 10 општини од земјава.
Елизабета Митреска
