Центарот на Велес се уредува со проект на ЕУ во висина од 750 илјади евра
Дали по два неуспешни обиди поради високите понуди, ќе биде избран изведувач и Велес ќе добие нов лик на централното градско подрачје и пешачка зона, кои се финансирани од ЕУ...

Центарот на Велес треба да добие нов современ лик, ќе се уредува со средства од ЕУ во висина од 750 илјади евра. Со проектот градот конечно ќе добие пешачка зона во централното подрачје - улицата 8 Септември, улицата Архиепископ Михаил да биде еднонасочна, а улицата Страшо Пинџур и Гоце Делчев да бидат двонасочни.
Поради проблеми со порастот на цените, претходно имало два неуспешни обиди за избор на изведувач на градежните работи. Во договор со ЕУ, која е финансиер, врз основа на претходните понуди направени биле корекции и останува на веќе распишаниот јавен повик, надежта дека ќе има заинтересиран изведувач и тој ќе биде избран. За уредувањето на центарот на Велес, земени биле во предвид најдобрите европски пракси од неколку градови.
Изградбата на подземна гаража во центарот на градот и уредување на просторот пред платото на судот, градоначалникот Колев кажа дека се друг проект, вреден најмалку два милиони евра за кои се бара финансиска помош од Владата и не се дел од постојниот за уредување на централното градско подрачје.
Петар Печков
