Нови закани во Србија и Црна Гора
По масакрите во Белград и Младеновац, во Нови Сад е пријавен случај со вооружен малолетник кој шетал со пушка во близина на музичко училиште. Според очевидци, 11-годишникот во одреден момент целел само кон птици...

По масакрите во Белград и Младеновац, во Нови Сад е пријавен случај со вооружен малолетник кој шетал со пушка во близина на музичко училиште. Според очевидци, 11-годишникот во одреден момент целел само кон птици.
Во меѓувреме, полицијата во Сремска Митровица уапси 14-годишно момче под сомнение дека на интернет ги одобрило дејствијата на осомничениот за убиството на осум деца и работник за обезбедување во основно училиште во Белград, додавајќи дека ќе го стори истото.
Во Подгорица, на електронската адреса на Универзитетот во Црна Гора пристигна заканувачка порака, по што итно се евакуирани се просториите на Електротехничкиот факултет. „Тоа што се случи во Србија не е ништо, ќе биде невиден масакр“ – се наведува во заканата од анонимното лице кое им се обраќа и на дел од професорите поради наводно малтретирање.
Зголемени казни за неовластено поседување и носење оружје и заострување на условите за носење мало огнено оружје се дел од мерките кои ги донесе официјален Белград по трагичните настани.
