Каква би била иднината на Земјата од плаќање на даноците

29.11.2013 15:16

Тема за најкреативен цртеж и предизвик на над 200 ученици

“Каква би била иднината на Земјата од плаќање на даноците”.  Тема за најкреативен цртеж и предизвик на над 200 ученици кои учествуваа во отворениот конкурс на управата за јавни приходи. Цртежите на учениците ги изразуваат нивните ставови кон даноците и работењето на управата на даночниците. Цртежитe содржат јасни пораки упатени кон граѓаните, институциите и општествените чинители. Беа наградени трите најкреативни автори, во рамки на проектот “фискална едукација на младите”.