Кошарка – НБА

Драматични пресврти во Вашингтон и во Лос Анџелес!

12.05.2014 18:13

Нема недостижна предност во НБА плеј – офот, па Индијана поведе со 3:1 против Вашингтон, а „Клиперс“ израмнија на 2:2 во серијата со Оклахома.

„Клиперс“ губеа со 22 поена во првиот и со 16 во последниот период, но сепак ја совладаа Оклахома со 101:99. Играч на мечот беше Дарен Колисон кој 12 од 18-те поени  постигна во решавачките моменти.  Блејк Грифин реализираше 25, Крис Пол 23 коша. Кевин Дурент повторно беше во МВП издание со 40 поени, додека Расел Вестбрук уфрли 27. Следниот натпревар од полуфиналето во западната конференција ќе се одигра во Оклахома.

И Вашингтон имаше висока предност и тоа од 19 поени, но сепак Индијана е на победа до пласман во финалето на „истокот“ откако вторпат славеше како гостин. 95:92 во креација на Пол Џорџ кој постигна 39 поени и собра 12 скока. Бредли Бил кај Вашингтон реализираше 20 поени. Првата меч топка „Пејсерс“ ќе ја имаат на свој паркет.