САД

Бајден ја враќа војската на границата со Мексико

06.05.2023 09:48

Соединетите Американски Држави испраќаат 1.500 војници на границата со Мексико поради зголемените мигрантски бранови кои се очекуваат по 11-ти мај...

Соединетите Американски Држави испраќаат 1.500 војници на границата со Мексико поради зголемените мигрантски бранови кои се очекуваат по 11-ти мај, денот кога се укинуваат ограничувањата воведени поради пандемијата со Ковид.

Армијата ќе ја поддржува службата за царина и граничната заштита околу 90 дена. Федералната администрација повеќе од две години ги држеше на сила мерките што ги воведе претходниот претседател Доналд Трамп на јужната граница.

СЗО веќе прогласи крај на пандемијата на коронавирус.