Велика Британија

По седум децении Британија повторно ќе има крал на престолот

06.05.2023 09:57

Лондон викендов преплавен со домашни и странски туристи поради крунисувањето на Кралот Чарлс Трети и неговата сопруга Камила...

Лондон викендов преплавен со домашни и странски туристи поради крунисувањето на Кралот Чарлс Трети и неговата сопруга Камила.

Централната церемонија во Вестминстерската опатија, којашто е традиција долга 1.000 години, ја следат претставници од над 200 земји, од кои стотина се претседатели на држави. Поворката ја предводи крст кој вклучува религиозни мошти кои му ги подари на монархот папата Франциск. Крстот од Велс содржи две парчиња дрво за кои Ватикан верува дека се земени од крстот на кој се вели дека Исус Христос бил распнат пред 2.000 години.

Раздвиженост и во воздушниот простор. Покрај верската, агендата опфаќа и воена церемонија која се смета за најголемата во последните 70 години. Повеќе од 60 авиони на британската морнарица, армија и воздухопловни сили ќе го прелетаат центарот на Лондон. Бакингемската палата потврди дека војводата од Сасекс ќе присуствува без своето семејство на крунисувањето во Вестминстерската опатија, додека принцот Вилијам, доаѓа со сопругата Кејт Мидлтон и децата.