Струмица

Агроекспертите апелираат земјоделците да прават агрохемиска анализа на почвата

07.05.2023 12:13

Агроекспертите апелираат до земјоделците да прават редовно агрохемиска анализа на почвите. На тој начин ќе знаат каков е квалитетот на нивите и кои типови на ѓубрива се потребни за прихранување. Според нив земјоделците фрлаат на своја рака ѓубрива кои често знаат да направат и колапс кај земјоделските култури...

Земјоделците ќе мора да прават почесто агрохемиска анализа на почвата и во зависност од резултатите да вршат прихранување. Вака смета агрономите според кои струмичките земјоделци и понатаму фрлаат ѓубрива по нивите без да знаат каков е квалитетот на почвата односно кои хемиски елементи недостасуваат.

Ивановски апелира агрохемиската анализа на почвата да се прави исклучиво во сертифицирани лаборатории. Парите што ќе се дадат за испитувањето се минорни во однос на штетите кои може да се предизвикаат со прекумерно фрлање ѓубрива со одредени елементи.

Агроекспертите тврдат дека со примена на агрохемиската анализа е земјоделците ќе знаат за потребата од правилно, и навремено ѓубрење на културите, а со тоа и зголемување на приносот, подобрување на квалитетот на производите.

 

 

Ване Трајков