Хоџсон, Капело и Ѕакерони избраа!
16 мај е рокот за пошироките списоци, а 2 јуни е крајниот ден кога селекторите треба да решат со кои 23 фудбалери ќе настапат на мундијалот во Бразил. Во склопот на искусни и фудбалери со мал број репрезентативи настапи, Англија ќе го одигра своето 14-то Светско првенство.

Френк Лапмард и Стивен Џерард ги предводат возрасните со над 30 години. Новиот бран којшто треба да донесе свежина кај „трита лава“ го сочинуваат Рос Баркли од Евертон, триото на Сутемптон Адам Лалана, Рики Ламберт и Лук шоу, потоа Рахим Стерлинг и Џордан Хендерсон од Ливепул, како и Алекс Окслејд – Чемберлен и Џек Вилшер од Арсенал. Иако е во моментов се повредени се очекува играчите на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни и Фил Џонс да бидат подготвени за дуелите од Д конкуренцијата со Италија, Уругвај и Костарика. Рој Хоџсон не смета на левиот бек на Челзи, Ешли Кол кој поради тоа објави репрезентативно пензионирање, па прв избор за таа позиција ќе бдие Лејтон Бејнс од Евертон. Селекторот се уште има диелми, па сочува седум фудбалери како резерви, меѓу нив Мајкл керик, Џермејн Дефо и Енди Керол.
Италијанскиот стручњак Фабио Капело по 10 години ја однесе Русија на третиот мундијал и и натаму им верува на фудбалерите од домашното првенство. Единствен „странец“ е Павел Погребњак кој настапува во англискиот „Чемпионшип“ за Ридинг и кој доби предност пред Роман Павличенко. Меѓу 30-те кандидати не е ниту Дмитри Тарасов затоа што капело смета дека нема да биде во потребната форма по долгата пауза поради повреда, но влегоа единствените двајца што играа во 2002-ра, Александар Кержаков и Јури Жирков. „Зборнаја“ ќе биде во Групата Х со Белгија, Јужна Кореја и со Алжир.
Италијанец е и на кормилото на Јапонија којашто петти пат ќе игра на Светските првенства. Алберто Ѕакерони ги соопшти 23-цата кои ќе патуваат во Бразил со уверување од лекарскиот тим дека Макато Хасебе и Атутсо Учида ќе бидат подготвени. Во миксот од фудбалери од јапонското и од силните европски првенства, Ѕакерони како најважни за добар настап ги издвојува Шинџи Кагава од Манчестер Јунајтед и Кесуке Хонда од Милан. „Сините самураи“ ќе играат во Групата Ц со Брегот Слонова Коска, Колумбија и со Грција.
