Власта и опозицијата во клинч за новите законски измени
Законите за автопатите на „Бехтел и Енка“ не се реформски процеси и не смеат да бидат со европско знаменце, велат од опозицијата. Сакаат јавна дебата и да се покаже договорот. Од СДСМ со став – нема да дозволиме хаос со коридорите, блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица ќе ги поразиме...

Законите за автопатите на „Бехтел и Енка“ не се реформски процеси и не смеат да бидат со европско знаменце, велат од опозицијата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат се од себе да ги спречат овие закони, сакаме јавна дебата и да се покаже договорот, посочи потпретседателот на партијата Мисајловски. Според него сега Европската унија со делегацијата која што е во Македонија има задача да каже не за овие закони, бидејќи како што посочи најдобро е тие да одат во матичните комисии и таму да се разговара за нив.
СДСМ нема да дозволи хаос со коридорите, блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица ќе ги поразиме велат до владејачката партија. Додаваат дека делниците од Коридорите 8 и 10д ќе се реализираат. Тоа ќе донесе подобро поврзување во државата, но и бројни придобивки за економијата – отворање на 8.000 нови работни места и номинален раст од два отсто годишно на бруто домашниот производ.
Според СДСМ, Левица и ВМРО-ДПМНЕ постојано пласираат лажни вести за цената на проектот, како и за законските измени кои се предвидени за негова реализација.
Ана Јосифоска Тодоровска
