Крунисувањето на Чарлс Трети и Камила се следеше во Британската амбасада во Скопје
Британската амбасада во Скопје ги пречека гостите во Британската резиденција на настанот за прикажување на Крунисувањето на нивните величества кралот Чарлс Трети и кралицата Камила, историски настан за Обединетото Кралство и Комонвелтот...

Британската амбасада во Скопје ги пречека гостите во Британската резиденција на настанот за прикажување на Крунисувањето на нивните величества кралот Чарлс Трети и кралицата Камила, историски настан за Обединетото Кралство и Комонвелтот.
Крунисувањето на нивните величества кралот и кралицата, се наведува во соопштението од Британската амбасада во Скопје, се одржа во Вестминстерската опатија, Лондон, под раководство на надбискупот од Кентербери.
Британскиот амбасадор Метју Лосон им посакал добредојде на владини функционери, британски државјани, млади, граѓанско општество и екологисти од Северна Македонија, кои дошле да го гледаат крунисувањето кое го одразува модерното, разновидно, повеќеверско Обединетото Кралство и кое ги промовираше темите на младите, заедницата, различноста и одржливоста.
