Македонските извидници во заеднички камп
Овој викенд во околината на Прилеп е годишниот камп на извидниците од цела Македонија. Младите ги учат вештините во природата, преживувањето и нејзината заштита, но и се развиваат како стабилни личности...

Повеќе од 150 извидници од цела Македонија од 6 до 16 години се на тридневна извидничка акција во околината на Прилеп, кај селото Штавица. Македонските извидници се дружат, учат да кампуваат, да се снајдат во природа, но и да ја заштитат и да ги научат начините на ориентација, преживување, социјалните вештини и формирањето на здрава личност. Извидниците умеат корисно и сигурно да ја применат и новата технологија.
Извидништвото значи психофизички развој на младата личност која учи да прави добри дела.
Прилепскиот извиднички одред „Феникс“ петта година е домаќин на годишниот извиднички камп. Во Македонија има 24 извиднички одреди со преку 2.500 извидници.
Елизабета Митреска
