Жртви во пукање во Далас и Калифорнија
Вооружено лице застрела осуммина и повреди уште седум лица, од кои тројца се во критична состојба, во трговски центар во Далас...

Вооружено лице застрела осуммина и повреди уште седум лица, од кои тројца се во критична состојба, во трговски центар во Далас. Полицијата го усмрти напаѓачот. Според очевидци, меѓу жртвите имало и деца. При нападот бил пронајден член на обезбедувањето во несвесна состојба.
„Видовме момче, облечено во црно, со елек, пушка и почна да пука по луѓето. Ги внесовме сите во продавницата, во задниот дел и седевме таму некое време. Излеговме по половина час.“
„Напаѓачот помина крај 5 до 10 продавници, пукаше цело време, стаклата им беа искршени. Видов и убиен чувар на објектот.“
Смртоносен инцидент и во северна Калифорнија. Седумнаесетгодишна девојка е убиена, а пет лица се ранети во пукање на забава во близина на универзитетски кампус.
