Украина

Киев: Москва изврши напад со фосфорна муниција

07.05.2023 09:51

Руските и украинските сили се борат за Бахмут. Киев ја обвини Москва за напад со фосфорна муниција...

Руските и украинските сили се борат за Бахмут. Киев ја обвини Москва за напад со фосфорна муниција.

Според украинската влада, руските сили употребиле четири дрона во Дњепропетровската област кои биле соборени. Москва почна да го евакуира населението од околината на Запорожје поради очекуваната контраофанзива на противникот.

Експлозии се регистрирани и на Крим. Во последните вооружени пресметки беше повреден Захар Прилепин, познат руски националистички писател. Во експлозијата на автомобил-бомбата во Нижни Новгород загина неговиот возач. Русија ги обвини Украина и Западот.