Велика Британија
Честитки за крунисувањето на Кралот Чарлс Трети
07.05.2023 09:53
Украинскиот претседател Зеленски меѓу првите кои му го честитаа крунисувањето на британскиот Крал Чарлс Трети...

Украинскиот претседател Зеленски меѓу првите кои му го честитаа крунисувањето на британскиот Крал Чарлс Трети.
Му се заблагодари за поддршката на украинскиот народ, поздравувајќи ја новата ера на британската монархија. Кралот Чарлс и кралицата Камила беа крунисани вчера во Лондон на свечена церемонија во Вестминстерската опатија.
За денеска се планирани улични забави, свечен ручек и концерт во Виндзорскиот замок. Викендов се одржаа и протести на антимонархистите на кои беа уапсени педесетина лица.
