Прокет за оценка на работата на општините и намалување на корупцијата

12.05.2014 20:46

Антикорупциски проект во соработка со невладината Гонг од загреб, Министерството за локална самоуправа и Државната комисија за спречување на корупцијата...

Проект финансиран од ЕУ кој ќе се реализира во 43 општини во партнерство со Центарот за истражување и креирање политики денеска беше претставен во Велес.

Весна Апасиева еден од истражувачите на локално ниво, истакна декапроектот ќе трае една година и главната цел ќе биде намалување на корупцијата.

„Грин пауер“ , една од осумте невладини организации ќе надгледува во општините Велес, Чашка, Неготино, Градско и Лозово додека тројца истражувачи ќе ловат информации за транспарентноста, отвореноста, отченоста, доброто владеење, нивото на коруптивност и начинот на работа со граѓаните.

Во соработка со невладината организација Гонг од Загреб е креирана методологијата за истражувањето.