Србија

Детали од истрагата за масовните убиства во Србија

07.05.2023 10:13

Вештачењето на телефонот на 13-годишното момче Коста К., кое уби осум ученици и чуварот на училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, покажало дека тој истражувал како да избегне затвор...

Вештачењето на телефонот на 13-годишното момче Коста К., кое уби осум ученици и чуварот на училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, покажало дека тој истражувал како да избегне затвор. Момчето на интернет го пребарувало Кривичниот законик во Србија и се интересирало дали малолетници можат кривично да одговараат. Ноќта пред масовното убиство гледал филм за масакр во училиште во САД. Тој го планирал убиството повеќе од еден месец, а при претресот беа најдени списоци и планови за тоа како да го изврши масакрот. Трет ден жалост во Србија по масовните убиства во кои има 17 жртви.

Осомничениот за масовното убиство во околината на Младеновац и Смедерево призна дека извршил кривични дела, наведувајќи дека со употреба на автоматска пушка и пиштоли пукал на три локации пукал кон повеќе лица во група. „Жртвите му биле непознати, а целта била да се заплаши населението“, соопшти Вишото јавно обвинителство во Смедерево. Одреден му е притвор. Истрагата сè уште е во тек. Јавноста во шок. Редици граѓани чекаа да се потпишат во книгата на жалоста. Знамињата на српските институции и натаму на пола копје.