Регионалната депонија кај Мечкуевци нема да има негативни влијанија врз животната средина, тврди МЖСПП
Регионалната депонија кај Мечкуевци нема да биде налик на сегашните депонии, таму ќе се одлага само остатокот од преработениот отпад, тврдат од Министерството за животна средина. Појаснуваат дека она што сега го нарекуваме депонии, според современите стандарди се ѓубришта и нестандардни локации. Депонијата во Мечкуевци ќе биде првиот центар за управување со отпад по европски терк...

Во источниот и североисточниот регион годишно околу 200 илјади тони отпад се исфрлаат на нестандардни депонии. Регионалната депонија во Мечкуевци – Светиниколско ќе биде првата депонија по европски стандарди и таму ќе завршува само околу 20 насто од сегашниот отпад откако претходно секое домаќинство и компанија ќе извршат примарна селекција.
На депонијата ќе се носи само мешаниот отпад. Од него ќе се произведува метан.
Со изградба на оваа регионална депонија, дивите сметишта и сегашните општински нестандардни депонии ќе бидат минато.
Во државата ќе се градат уште четири депонии по европски стандарди, но само депонијата во Мечкуевци е со грант од 40 милиони евра од европските фондови, додека за останатите се земени кредити во висина од 75 милиони евра.
Славица Величковска
