Одбележување на Денот на македонската полиција – 7 Мај
7 мај-Ден на македонската полиција. Ден кога се оддава почит на луѓето во сина униформа кои секогаш се на браникот на државата. Признание и за полицајците кои ги изгубија сопствените животи, извршувајќи ги своите работни задачи во служба на граѓаните.“ Полициските службеници се симболот на довербата во институциите, полициската униформа влева чувство на сигурност, на спокоен живот – рече министерот Спасовски во честитката до неговите колеги. Свечената церемонија во чест на македонската полиција ќе се одржи во Охрид на плоштадот Долни Сарај во 18 часот...

7 мај- Ден на македонската полиција, на луѓето во сина униформа кои се грижат за нашата безбедност и се секогаш на браникот на државата. Ден на кој е оддадена признание на полициските службеници кои ги доведуваат во опасност сопствените животи, додека ги извршуваат своите работни задачи во служба на граѓаните и на државата – вечна инспирација за сите полициски службеници.
Полицијата е браникот на државната сувереност, на сигурноста на граѓаните, гарантирајќи мир и безбедност за секого, симболот на довербата во институциите, рече министерот Спасовски во честитката до неговите колеги.
„Вие сте првиот пријател на граѓанинот, кога станува збор за одржување на јавниот ред и мир, за безбедноста во сообраќајот, за имотни деликти, спасувачка мисија или некоја покомплексна оперативна акција, како што се оние за сузбивање на недозволена трговија со дрога и оружје, илегална миграција или пресметка со организирана криминална група. За сите овие активности влогот е енормен, бидејќи често знаат да бидат и многу ризични“, истакна Спасовски.
Спасовски уверува дека земјава е најбезбедна во Западен Балкан, во друштво на 36-те најбезбедни во светот. Продолжете преку чесно, совесно и професионално работење да им служите на сите наши граѓани, да ја штитите нивната лична безбедност и сопственост-порача шефот на државава Пендаровски. Постигнатите резултати на припадниците на МВР се одраз на посветеноста и стручноста во справување со сите национални и глобални предизвици-во честитката по повод Денот на полицијата напиша премиерот Ковачевски.
Ана Јосифоска Тодоровска
