Регистрирани 180 илјади парчиња оружје
Според официјалните податоци на МВР во државата се регистрирани околу 180.000 парчиња на оружје, а една дозвола предвидува да се регистрираат најмногу 10 парчиња...

Според официјалните податоци на МВР во државата се регистрирани околу 180.000 парчиња на оружје, а една дозвола предвидува да се регистрираат најмногу 10 парчиња.
Статистиките говорат дека речиси секој 10 ти граѓанин поседува оружје, но неофицијално бројката е неколкупати поголема.
Во 2022-рата издадени биле речиси шест илјади дозволи, лани двојно помалку 2.125 од нив повеќе биле наменети за употреба на оружје, отколку за набавка на истото.
Од година во година се намалува бројот на легално набавување, од над 3.365 во 2022-рата, од почетокот на годинава до денес 1.697 граѓани добиле одобренија – велат податоците од Министерството за внатрешни работи.
