„Газпром“: Ако Украина не исплати 3,5 милијарди долари долг до 2-ри јуни, нема да има гас

12.05.2014 21:07

Алексеј Милер, директорот на „Газпром“ на средба со премиерот Медведев денеска изјави дека Укриана треба да плати до 2-ри јуни за јунската достава на гас.

Во согласност со договорот, утре ќе ја достави предвремената сметка за гасот за јуни, јавува ИТАР-ТАСС.

„Ако Украина не плати за јунската достава, тогаш „Газпром“ до 10 часот наутро на 3. јуни ќе ја извести Украина колку ќе треба да доплати за доставата на гас. Ако нема авансна испалата тогаш на Украина во јуни ќе и бидат доставени нула кубни мерки гас“, наведе Милер.

Тоа нема да биде стопирање на доставата на гас, туку „колку Украина купила гас, толку и ќе добие“, додаде Милер.

3,5 милијарди долари е должна Украина на „Газпром“  за доставе гас, до моментов.

„Владата на Русија има информација дека украинските партнери располагаат со пари за исплата на рускиот гас“, истакна Медведев на средбата со Милер и министерот за енергетика Александар Новак.