Лога: Судскиот систем има двојни аршини
Случувањата во Судскиот совет нема да придонесат да се зголеми довербата, двојни аршини има во правосудниот систем. Во интервју за Радио Слободна Европа министерот Лога со став-контрадикторни се одлуките на Советот на обвинители и Судскиот совет во однос на постапките околу обвинителката Ленче Ристоска и претседателката на советот Дамева...

Контрадикторни се одлуките на Советот на обвинители и Судскиот совет во однос на постапките околу обвинителката Ленче Ристоска и претседателката на Советот Весна Дамева, вели во интервју за РСЕ министерот за правда Кренар Лога. Според него ова нема да придонесе за зголемување на довербата во правосудниот систем. Повикува на разум и како што вели нормалната работа да биде дел од работата во иднина на овој орган, што е многу значаен за правосудниот систем.
„Да, сите овие настани не се во нормални околности. Јас заедно со Кабинетот ги имаме разгледано овие случувања и дискутираме меѓу себе како е можно за истите врвни органи на правосудниот систем да има двојни аршини. Во едниот да се дава можност без расправа, без причина и без дисциплинска постапка да се разрешува, а во другиот дел, само за една изјава која треба исто така да се докаже дале е или не е така, да се побара во итен рок да се одговара дисциплински“, изјави Кренар Лога, Министер за правда.
Преамбулата останува да биде приоритет на работната група која ќе ги подготвува уставните измени, вели министерот за правда Кренар Лога и очекува предлогот да помине во Собрание. Ги повикува ВМРО-ДПМНЕ да бидат дел од успехот на патот кон европска иднина на Македонија. Смета дека сè уште има простор да ги поддржат уставните измени.
Александра Спировска
