Македонија

Институциите координирано ќе одлучуваат дали да се забрани Тик-Ток во Македонија

07.05.2023 16:59

Во однос на социјалната мрежа Тик Ток министерот за информатичко општество Алиу вели дека цензурата е регулирана со Уставот на Република Македонија...

Во однос на социјалната мрежа Тик Ток министерот за информатичко општество Алиу вели дека цензурата е регулирана со Уставот на Република Македонија. Конечен став околу таква мерка, може да следи само по координирана активност со правосудните институции и со останатите образовни и безбедносни институции во државата. Наведува дека ја поддржуваат иницијативата на МОН за евалуација на ризиците од сите социјални платформи.

Имаме јасен став дека сме против секој вид на говор на омраза или насилство, без исклучок. Иако во моментов не заземаме став за забрана на било која социјална платформа, силно сметаме дека социјалните платформи треба да почнат да се регулираат, велат од министерството.

Следствено веќе преземаме подготвителни активности во тој правец. Од министерството апелираат за зголемување на свесноста за социјалните платформи на наставно образовниот кадар и кај родителите и огромно внимание.