Ракомет

Се чека последниот патник

13.05.2014 09:19

Нема сомневање дека Вардар е фаворит за настап на финалниот турнир, но црвено-црните денеска ќе треба да ја одработат својата задача на осминафиналниот турнир на кој се домаќини...

Екипите на Металург, Пролет и Зомимак веќе го обезбедија настапот на завршниот турнир на ракометниот куп на Македонија претстојниот викенд во Охрид, денеска ќе биде познат и последниот полуфиналист.
 
Нема сомневање дека Вардар е фаворит за настап на финалниот турнир, но црвено-црните денеска ќе треба да ја одработат својата задача на осминафиналниот турнир на кој се домаќини. Во салата на СРЦ КАле ,Вардар од 13 часот ќе игра со екипата на Охрид, а поуспешниот  од тој натпревар во 19 часот ќе се сретне со составот на Металург Јуниор .Победникот ќе обезбеди настап во полуфиналето на завршниот турнир на купот што на програмата е в сабота во салата Билјанини извори во Охрид.
 
Вчера на екипите на Пролет и Зомимак им се придружи Металург по победата над Пелистер со 32-28, а иако има две пречки пред себе денеска се очекува тоа да го направи и Вардар.
 
Завршните натпревари од купот во Охрид ќе бидат пренесувани на програмите на МРТ.