Со Ѓурѓовденската литија Струга денес се поклони на патронот
Струга ја продолжи вековната традиција. Со божествена Ѓурѓовденската литија денес го одбележа патронот Победоносен и Великомаченик Ѓорѓи. Најмасовната црковно народна манифестација се одржува по 14 ти пат во градот на мостовите...

Со божествена Ѓурѓовденската литија Струга денес се поклони на патронот Победоносен и Великомаченик Ѓорѓи. Илјадници верници и свештеници, монаштвото од Бигорскиот манастир и сестринствата од Рајчица и Пречиста со чудотворните мошти на светителот и Карниниската икона на Бгородица го осветија градот на мостовите.
„Струшката еордија која веќе со сигурност прерасна во еден сенароден настан и направи градот Струга да биде препознаен од целиот свет. Како што гледате и оваа година повторно не собра во оргомен број обединети во еден ист радосен дух“, вели Ефимија монахиња од Рајчица.
Верниците од најмладо до најстаро, сплотени во поворка пропратени со сејменската гарда и оркестар, велат овие денови во срцата им се буди духовна радост.
„Светиот великомаченик и победоносец Горги не сплоти со огромна благодат и неизмерна радост она што сакам да го нагласам за овој ден е да се возљубиме сите едни спрема други, вели еден верник.
„Верувам дека секој еден би посакал на оваа голема литија да присуствува кога ќе го почувствува тој благослов од Свети Георги“, вели друга верничка.
Овој величествен духовен настан, денес една од најголемите литии на Балканот, се негувала два векови, а е возобновена последниве четиринаесет години.
Соња Рилковска
