Србија
Министерот за образование на Србија поднесе оставка
07.05.2023 20:23
Министерот за образование Бранко Ружиќ денеска и поднел неотповиклива оставка на премиерката на Србија Ана Брнабиќ...

Министерот за образование Бранко Ружиќ денеска и поднел неотповиклива оставка на премиерката на Србија Ана Брнабиќ.
„Во молкот на тридневната национална жалост, како одговорен и воспитан човек, професионалец во вршењето на сите досегашни јавни должности, како родител и граѓанин на Република Србија, која секогаш ми е на прво место, и согласно член 23 од Законот за Влада, во овие околности донесов рационална и чесна одлука. Поднесувам неотповиклива оставка од функцијата министер за образование во Владата на Република Србија“, изјави Ружиќ во писмо испратено до премиерката Ана Брнабиќ.
