IN MEMORIAM

Почина Зоран Јовановиќ-Лима, член на танцовиот оркестар на МРТ

07.05.2023 20:25

Денеска во Скопје, по долго и тешко боледување, во 85. година од животот почина Зоран Јовановиќ-Лима, член на танцовиот оркестар на Македонската радио-телевизија во кој го мина целиот свој работен век...

Денеска во Скопје, по долго и тешко боледување, во 85. година од животот почина Зоран Јовановиќ-Лима, член на танцовиот оркестар на Македонската радио-телевизија во кој го мина целиот свој работен век.

Како солист на саксофон и кларинет, Јовановиќ има снимено голем број композиции од светски автори како и десетици џез и евергрин мелодии од македонските автори Илија Пејовски, Славе Димитров, Љубомир Бранѓолица, Ванчо Димитров, Петар Пешев и многу други. Погребот на Зоран Јовановиќ-Лима ќе се изврши утре во 13 часот на Градските гробишта во Охрид.