Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

08.05.2023 08:02

Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме...

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. Температурите ќе се движат во интервал од 5 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно и во вид на невреме. Температурата ќе се движи во интервал од 10 до 24 степени.