Сточарство

Нема случаи на африканска свинска чума

08.05.2023 08:12

Државава е слободна од болеста африканска чума кај свињите, одгледувани во фармите. Од почетокот на болеста во јануари до денес, одземени и уништени се 4.200 свињи од 460 одгледувалишта на целата територија каде што се прошири епидемијата. Со новите правила набавката на животните ќе може да се врши само на фарми кои ги исполнуваат биосигурносните мерки...

Доколку се почитуваат биосигурносните мерки може да се внесуваат нови животни на свињарските фарми на цела територија на Македонија, но мора да се исполнат дефинираните услови и да се поседува сертификат за здравствена заштита за секоја единка.

Државата е слободна од болеста африканска чума кај питомата популација на домашни свињи нема регион или општина каде што се спроведуваат заштитните и контролните мерки. За да се врши репопулација, фармерот треба да поднесе барање до надлежното ветеринарно друштво.

Од почетокот на болеста во јануари досега, се уништени 4.200 животни од 460 одгледувалишта. До Агенцијата за ветеринарство се пристигнати 493 барања за исплата на надомест за штета од скоро 44 милиони денари. Најголемиот дел се исплатени, а другите ќе бидат обесштетени во најскоро време.

Извор и носители на вирусот, се дивите свињи. Таа не е опасна за човекот, но предизвикува големи економски загуби.

Се пренесува и шири преку директен контакт меѓу животните, или преку заразена храна и отпадоци од храна, опрема, возила и облека.

 

Методија Трајков