Седница на собраниските комисии за европски прашања и за политички систем
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за европски прашања…

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за европски прашања…
Членовите на Комисијата за европски прашања ќе дискутираат за предлог законите за изменување на законите за финансиска дисциплина и за финансиските друштва, како и Предлог законот за парничната постапка, Предлог законот за вештачење и Предлогот законот за нуспроизводи од животинско потекло, сите во второ читање.
Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, пак, ќе дискутираат за Годишниот извештај на работата на ДКСК за 2022 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2022 година, годишните извештаи на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2022 година.
Исто така и извештаите за работата на Советот на јавните обвинители, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во 2022 година, на Агенцијата за администрација за 2022 година, на Агенцијата за заштита на личните податоци за 2022 година, на Инспекцискиот совет за 2022 година, како и Годишниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.
