Азески во Приштина – ќе се дефинираат регионални приоритети и нови иницијативи на КИФ
Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, кој има улога на ко-претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) денеска во Приштина, ќе оствари средба со претседателот на Коморскиот инвестициски форум Лулзим Рафуна, кој истовремено е и претседател на Стопанската комора на Косово...

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, кој има улога на ко-претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) денеска во Приштина, Република Косово ќе оствари средба со претседателот на Коморскиот инвестициски форум Лулзим Рафуна, кој истовремено е и претседател на Стопанската комора на Косово.
Во состав на делегацијата што ја предводи Азески во Приштина се и генералниот секретар на КИФ Татјана Штерјова Душковска, потпретседателот на Комората Зоран Јовановски, како и специјалниот советник во Кабинетот на претседателот на Комората Антоније Мариноски, соопшти Стопанската комора.
На средбата ќе се дефинираат регионалните приоритети и новите иницијативи на КИФ, а ќе се разговара и за инфлацијата, енергетиката и за зелената агенда.
