Од денеска во Србија полиција во училиштата и предавање на илегалното оружје
Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ поднесе неотповиклива оставка. Српското МВР ги повика граѓаните кои поседуваат нерегистрирано оружје да го предадат до 8-ми јуни за да избегнат кривична одговорност..

Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ поднесе неотповиклива оставка. Одлуката следува неколку дена по трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“, во која 13-годишниот ученик со иницијали К.К. уби девет луѓе, меѓу кои осум ученици и чувар.
„Оставката е личен, но и политички чин“, наведе Ружиќ во писмото до српската премиерка Брнабиќ кое го објави на Твитер.
Српското МВР ги повика граѓаните кои поседуваат нерегистрирано оружје да го предадат до 8-ми јуни за да избегнат кривична одговорност и докажување на потеклото на истото. Во сите училишта ќе се распоредуваат полицајци коишто ќе дежураат до крајот на наставата. Претседателот Вучиќ најави заострување на мерките по двата масакри кои се случија во Белград и во близина на Младеновац.
