Руско - украински конфликт

Битки во Бахмут, Москва се подготвува за денот на победата

08.05.2023 09:53

Напади регистрирани и врз Киев и други делови од Украина. Има повредени. Според украинските власти, руски проектили запалиле складиште за храна во Одеса на Црно Море...

Продолжуваат борбите за Бахмут. Напади регистрирани и врз Киев и други делови од Украина. Има повредени. Според украинските власти, руски проектили запалиле складиште за храна во Одеса на Црно Море.

„Соработуваме со партнерите околу новите чекори за помош на Украина, ги очекуваме во блиска иднина, потребни ни се за сила во првите редови, заштита на небото, за правдата против терористите и за побрзо враќање на мирот на целата територија“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Москва се подготвува да го прослави Денот на победата на советската армија врз силите на нацистичка Германија. Претседателот Путин изјави дека Русија ќе ја победи Украина, која наводно била во рацете на неонацистите.