Свет

Триесетина загинати во пожар во рудник за злато во Перу

08.05.2023 10:00

Властите немаат комуникација со рудникот и очекуваат поголем број на жртви...

Триесетина рудари загинаа во пожар, во рудник за злато во Перу. Властите немаат комуникација со рудникот и очекуваат поголем број на жртви.

Пожарот најверојатно избувнал по краток електричен спој.

Перу е најголемиот производител на злато во Јужна Америка. Секоја година се случуваат десетици смртоносни несреќи, главно во мали рудници каде безбедносните стандарди се на ниско ниво.