САД

Нов смртоносен инцидент во Тексас

08.05.2023 10:03

Седум лица загинаа откако автомобил удри во група луѓе на автобуска постојка крај засолниште за бездомници и мигранти во Браунсвил, во близина на границата со Мексико...

Нов инцидент во Тексас. Седум лица загинаа откако автомобил удри во група луѓе на автобуска постојка крај засолниште за бездомници и мигранти во Браунсвил, во близина на границата со Мексико.

Шестмина се повредени од кои некои се во критична состојба. Возачот е уапсен, во тек е истрага за мотивот. Ова е втора трагедија во Тексас во период од 24 часа, откако во трговски центар вооружен напаѓач уби осум лица, а рани седум.

Американскиот претседател, Џо Бајден, го повтори повикот до Конгресот за забрана полуавтоматските пушки, како онаа употребена во пукањето викендов, при што беа убиени осум лица во Тексас.